СТОЛТЕНБЕРГ: ПУТИН НЕ СМЕЕ ДА ЈА ДОБИЕ ВОЈНАТА, ТОА БИ БИЛО ПОРАЗ ЗА СИТЕ!

Генералниот секретар на НАТО истакна дека нуклеарните закани на Путин се опасни и неодговорни

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека, во случај Владимир Путин да победи во руско-украинската војна, тоа ќе биде пораз, не само за Украина, туку „за сите нас“ и дека „ќе го отвори патот понатаму за Руска агресија“.

СТОЛТЕНБЕРГ: ПУТИН НЕ СМЕЕ ДА ЈА ДОБИЕ ВОЈНАТА, ТОА БИ БИЛО ПОРАЗ ЗА СИТЕ!

Украина е во добар моментум и има можност да постигне значителен напредок. Русија прибегнува кон ужасни напади врз цивили и клучна инфраструктура. Путин доживува неуспех во Украина. Вчерашниот ракетен напад врз Украина и неговите неодамнешни потези ја претставуваат најголемата ескалација на конфликтот од почетокот на војната.

Тоа е знак на слабост, показател дека војната не оди според планираното – рече Столтенберг на прес-конференцијата во пресрет на дводневниот состанок на министрите за одбрана на земјите од НАТО.
Тој посочи дека НАТО не е дел од конфликтот, но дека поддршката на Алијансата за Украина има клучна улога.

Обединети сме во поддршка на суверенитетот на Украина и нејзината одбрана. Со нетрпение очекувам понатамошни испораки на одбранбено оружје за Украина.

НАТО цврсто стои до Украина, и ќе стои се додека е потребно – рече Столтенберг.
Генералниот секретар на НАТО истакна дека нуклеарните закани на Путин се опасни и неодговорни.

Русија знае дека нуклеарна војна не може да се добие и никогаш не смее да се случи. Путин ја започна оваа војна и мора да ја прекине со повлекување од територијата на Русија – рече Столтенберг и додаде дека следната недела војниците на НАТО ќе одржат теренска вежба што ја одржуваат секоја година.

Столтенберг вели дека не видел никаква промена во руската позиција и дека НАТО го зголемил бројот на војници на источното крило на Алијансата.

На самитот ќе се разговара за зајакнување на клучната инфраструктура, а секој можен напад би бил дочекан со соодветен одговор. НАТО и даваше досега невидена воена поддршка на Украина, ние им помагаме од 2014 година во обуката, што им значи сега за време на руската агресија. Важно е Украина да ја добие битката против агресорот – додаде Столтеберг.

Тој посочи дека на дводневната средба ќе се разговара и за Косово и Метохија и Ирак, како и дека министрите на НАТО ќе разговараат со шефот на дипломатијата на ЕУ, Јосеф Борел.

– САД и Европа остануваат обединети во поддршката за Украина – рече Столтенберг.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.