четврток, 12 ноември 2026
Најново

Стоп за Вардариште: По седум месеци повторно гори Вардариште

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Од граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ попладнево информираа дека по седум месеци повторно гори депонијата Вардариште.
Ова е последно предупредување од наша страна, велат од граѓанската иницијатива.
Оттаму бараат итна реакција од надлежните институции и враќање на полициското присуство на депонијата.
– Доколку не се испочитува договореното, не се стави целосен крај на загадувањето што го предизвикува Вардариште и ваквите палења се повторат, нема да останеме мирни, а ќе бидеме приморани и на потенцијално ново активирање на блокадите, велат од граѓанската иницијатива.

Поврзани вести