Страсната љубов се доживува само 2 пати во животот: Среќниците се ретки, а се манифестира на следниов начин

Повеќето луѓе доживуваат страсна љубов двапати во животот, додека 14 проценти никогаш не доживеале такво искуство.

Анкетирани се 10.036 самци на возраст од 18 до 99 години низ САД, на кои им е поставено прашање колку пати во животот биле страсно заљубени, а просечниот одговор бил 2,05 пати.

Според резултатите, 14 проценти од испитаниците никогаш не доживеале страсна љубов, 28 проценти изјавиле дека тоа им се случило еднаш, 30 проценти двапати, 17 проценти три пати, додека 11 проценти изјавиле дека биле страсно заљубени четири или повеќе пати.

Луѓето постојано зборуваат за заљубувањето, но ова е првата студија што навистина го постави прашањето колку пати се случува тоа во животот. За повеќето луѓе, страсната љубов е искуство што се случува само неколку пати – изјави главниот автор на истражувањето и научник во Институтот Кинси, Аманда Геселман.

Истражувачите ја дефинираа страсната љубов преку два клучни аспекти: зголемена физиолошка возбуда, како што се „пеперутки во стомакот“, влажни дланки и забрзан пулс, како и силна психолошка потреба да се биде во близина на сакана личност. Искуствата со страсна љубов беа слични кај хетеросексуалните, геј, лезбејските и бисексуалните испитаници. Постарите учесници пријавија малку поголем број на вакви искуства од помладите, што укажува дека страсната љубов може да се појави и подоцна во животот.

Мажите имаат повеќе искуство 

Во просек, мажите пријавиле малку поголем број искуства од жените, а разликата била поизразена кај хетеросексуалните мажи во споредба со хетеросексуалните жени. Сепак, истражувачите истакнуваат дека овие разлики се мали и дека страсната љубов е вообичаено човечко искуство.

Податоците од Институтот Кинси, собрани во соработка со платформата за запознавање „Match“, исто така покажуваат дека 60 проценти од слободните луѓе во САД се сметаат себеси за многу романтични, додека мнозинството веруваат во љубов на прв поглед и во судбина. Во исто време, 51 процент од испитаниците наведуваат дека чувствуваат поголем притисок да пронајдат љубов од претходните генерации, а 73 проценти веруваат дека романтичната содржина во медиумите поставува нереални очекувања кога станува збор за врските.

Авторите проценуваат дека резултатите помагаат подобро да се разберат романтичните очекувања и укажуваат дека, и покрај силното присуство на идејата за голема љубов, страсната заљубеност останува релативно ретко искуство за повеќето луѓе.
The post Страсната љубов се доживува само 2 пати во животот: Среќниците се ретки, а се манифестира на следниов начин appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: