СТРАШЕН РУСКИ НАПАД: Воздухопловните и вселенските сили погодија силно – уништени позиции, има убиени

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека нејзините воздушни сили во понеделникот ги нападнале позициите на терористичката организација Џебхат ал Нусра во Идлиб, при што биле убиени и ранети голем број терористи на таа организација и уништени нивните позиции.

СТРАШЕН РУСКИ НАПАД: Воздухопловните и вселенските сили погодија силно – уништени позиции, има убиени

Руските воздушни сили ги гаѓаа подземните позиции на терористите во близина на селата Ровиха и Масибин и ги уништија нивните позиции, спречувајќи терористички напади врз објекти кои припаѓаат на вооружените сили на Русија и на сириските владини трупи – изјави заменик-шефот на рускиот центар за помирување на Спротивните страни во Сирија, генерал-мајор Олег Јегоров на брифингот во понеделникот.

Убиени се 13 милитанти, меѓу кои и теренските команданти Абу Јусеф Ал Шами и Калед ал Јусеф (Абу Омар), додека уште 22 членови на терористичката група се тешко ранети – рече Јегоров, додавајќи дека се уништени и нивните објекти и штабови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.