Германската полиција во неделата уапси 20-годишен Германец под сомнение дека силувал и убил девојка (19) во Брамше.
Злосторството се случило во саботата вечерта за време на забава за 18. роденден, пренесува Билд.
Имено, две девојчиња го прославија своето полнолетство во фестивалска сала во германскиот град Брамше. Околу 01 часот и 30 минути гостите забележале дека исчезнала 19-годишна девојка.
По долга потрага била пронајдена околу 02:40 часот на нива со тешки повреди. И покрај напорите за спасување, девојчето починало набргу по пристигнувањето во болница.
Страшното злосторство очигледно се случило додека забавата била во полн ек.
Полицијата и противпожарната единица пристигнале на местото на злосторството во ноќта меѓу саботата и неделата. Полициските сили го опколија просторот околу салата.
Обвинителот д-р Александар Ретемајер за Билд потврди дека осомничениот за делото е уапсен.
“Уапсен е во неговиот стан, не бил пијан. Гостите на забавата дале индиции за него. Се верува дека бил близок со жртвата”, рекол обвинителот.
Според него, наодите јасно укажуваат на сексуален престап, а на жртвата и била искината облеката.
Билд пренесува дека и двајцата биле гости на забавата.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.