Струмица НИКОБ го освои одбојкарскиот куп на Македонија

Шестипат по ред, а вкупно деветти, Струмица Никоб го освои пехарот во македонскиот одбојкарски куп. Во финалето во Радовиш, актуелниот првак беше доминантен и славеше над ГОК Борец со 3:0 (27:7, 25:23, 25:18), на тој начин освојувајќи го 18-от пехар во клупските витрини.

Владо Милев имаше 12 поени, Хараба заврши со 11, Алексов со 7, Глобоцки заработи 5, Наков 4, а Ефтим Ричлиев 2. Кај ГОК Борец најефикасни беа примачите Волков со 14 и Костиќ со 12 поени.

#офмкуп2023

Пронајдете не на следниве мрежи: