Сум била со мажи од 18 до 65 години: На оваа возраст тие се најдобри во кревет, сè друго е лага (Фото)

Моделот на OnlyFans, Арабела Миа, отворено проговори за својот сексуален живот и како се обидува да им помогне на мажите да бидат подобри во кревет.

Арабела, која има 27 години и откри дека спие со мажи од различни возрасти , не е срамежлива кога станува збор за тоа што сака во интимните моменти.

„Многу сум директна во спалната соба и немам проблем да му покажам на маж што ми се допаѓа“, изјави таа за „Џем Прес“.

За жал, познато е дека многу жени глумат оргазам затоа што мажите честопати не можат да ги задоволат своите партнерки.

„Многу жени не им кажуваат на мажите што сакаат – а би сакала да го сторат тоа.“

Возраста не е пресудна за задоволството

Арабела додаде дека возраста на партнерот не е баш пресудна кога станува збор за задоволство . Иако многумина веруваат дека постарите партнери се поискусни и подобри во кревет, Миа вели дека тоа е мит.

„Спиев со луѓе на возраст од 18 до 65 години и мит е дека постарите мажи се подобри во кревет“ , рекла таа, додавајќи дека мажите над 40 години изгледаат пострасни за време на сексот.

Таа, исто така, истакна дека само одредени возрасни групи мажи – 30 години и постари – всушност се грижат за предиграта.

„Сретнав многу љубовници кои мислат дека сексот е само пенетрација и не се трудат да ве загреат однапред – за нив е сеедно и брзо станува здодевно“, изјави таа за „Џем Прес“.

Помладите мажи сакаат да угодат

Од друга страна, помладите партнери сe повеќе фокусирани на перформансите и сакаат да му угодат на својот партнер.

„Кога се малку помлади, навистина се трудат да се погрижат да уживам – и тоа дефинитивно повеќе ми се допаѓа.“

Јасно е дека Арабела, како и многу други жени, сака сексот да биде забавен за неа.

„На крајот на краиштата, ние не водиме љубов со мажи за вежбање – заслужуваме и да уживаме.“

Арабела објасни дека доколку е потребно, им покажува на мажите што им се допаѓа на жените и ги води за рака за да ги научи . За среќа, мажите со кои спие позитивно одговориле на нејзиниот совет.

„Тие не го сфаќаат лично затоа што знаат дека им помагам, а кој маж не сака да биде добар во кревет? Жените со кои спијат следниот пат треба да ми се заблагодарат“, заклучи Арабела Миа.

The post Сум била со мажи од 18 до 65 години: На оваа возраст тие се најдобри во кревет, сè друго е лага (Фото) appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: