четврток, 12 ноември 2026
Најново

Суперлигашите ќе ги одиграат натпреварите од 6.коло

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Кошаркарските суперлигаши, во среда, ќе ги одиграат натпреварите од шестото коло, дербито меч ќе биде оној помеѓу Кожув и МЗТ Скопје Аеродорм.Кожув, кој првиот дел од сезоната, во кој МЗТ не играше поради настапите во АБА лигата го заврши на првото место, во Суперлигата стартуваше со два порази (МЗТ и Работнички), но во следните три рунди избраниците на Марјан Србиновски забележаа три победи, од кои две на гостински терен (Куманово, Фени индустри, Лирија).МЗТ, кој ја брани титулата освоена минатата сезона, во Суперлигата е единствениот тим со максимален ефект. Првиот натпревар кој овие два тима го одиграа заврши со победа на МЗТ од 77:71.На другите две средби ќе се сретнат Лирија и Работнички односно, Куманово и Фени индустри, на чија клупа ќе дебитира Љупчо Малинков, кој го наследи Миодраг Кадија, Црногорецот си замина откако екипата доживеа три порази во серија.Суперлига, 6.коло:18:30 Лирија-Работнички19:00 Куманово-Фени индустри19:00 Кожув-МЗТТабела: 1. МЗТ 5/0, 2. Кожув 3/2, 3. Работнички 3/2, 4. Фени индустри 2/3, 5. Лирија 1/4, 6. Куманово 1/4.
МакфаксКошаркарските суперлигаши, во среда, ќе ги одиграат натпреварите од шестото коло, дербито меч ќе биде оној помеѓу Кожу

Поврзани вести