Сусамки

4 јајца
250 г шеќер
250 г маргарин
800-850 г брашно
4 лажици млеко
1 ванилин шеќер
1 прашок за печиво
2 лажици мед
150 гсусам
Во сад изматете ги јајцата и шеќерот со миксер. Додадете го маргаринот и повторно изматете. Во смесата додадете ги медот, ванилиниот шеќер, прашакот за печиво, млекото и постепено додавајќи брашно замесете средно меко тесто.
Со раце кинете од тестото, формирајте полумесечинки и секоја свалкајте ја во сусам. Сусамките наредете ги во тава за печење прекриена со хартија. Печете 20 минути на 200 степени или додека не заруменат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.