Сушени глави од животни, живи крокодили: Што сѐ може да се купи низ пазарите во светот?

Сушени глави од животни, живи крокодили: Што сѐ може да се купи низ пазарите во светот?
Од пазар за вештерки во Боливија до пазари по кои трчаат глувци на сите страни во Индија, кои се најбизарните пазари на светот?
И додека кај нас имаме пазари на кои се продава зеленчук и овошје, на некои се продава, облека, на некои делови за автомобили и стари работи, сепак немаме некој екстремно чуден пазар кој би нѐ ставил на листата на земји со најчудни пазари на светот.
Кои се најчудните пазари на светот?


Пазарот за перење на Брегот на Слоновата Коска – млади луѓе заработуваат пари перејќи облека на река
Работат само мажи, а оваа работа дури се смета за престиж на некој начин. Прво треба 3 години бесплатно да работите за да научите како правилно се пере и дури потоа ќе бидете платени.
Пазари со пирамиди од зачини во Медина, Мароко


Тајната е што внатре се крие метален конус и зачините се сипуваат на него и изгледаат вака спектакуларно.
Пазар на месо во Камбоџа


Покрај пазарот со овошје и зеленчук, во оваа земја има и пазар на месо кој е блиску до патот каде поминуваат автомобили и нема фрижидери дури и кога температурата е +40°C.
Пловечки пазар во Бангкок, Тајланд


Главниот град на Тајланд уште се нарекува и Венеција на Истокот поради големиот број тесни канали. Има неколку пловечки пазари, а најголемиот се наоѓа на 100 километри од градот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.