600 г пилешки стек
3 модри патлиџани исечени на коцки
6 моркови исечени на кругови
4 компири исечени на коцки
2 исечени главици кромид
150 мл бело вино
200 мл вода
2 лажици сусам
1 лажица исечен магдонос
1 лажица сув зачин
1 лажица кари
масло, сол и мелен црн пипер
Кромидот испржете го на загреано масло. Пилешкиот стек исечете го на коцки, додадете го во тавата и пржете 10 – тина минути.
Додадете ги излупените коцки модри патлиџани, морковите и компирите. Потоа додадете ги сувиот зачин, магдоносот, карито, сусамот, сол и црн пипер и убаво промешуваме.
Откако зеленчукот ќе се запржи додадете ги водата и виното и ставете во тава за печење. Печете 40 минути на 200 степени.