Танкер од Малта удри во брод на воената морнарица на Норвешка

Денес норвешката армија соопшти дека екипажот од 127 лица беше евакуиран од фрегатата на морнарицата откако во бродот, кој беше закотвен во норвешкото пристаниште Штуре, удри танкер со знаме на Малта. Во несреќата има осум повредени лица.
Како што објави АП според соопштението на армијата бродот на норвешката морнарица “Хелга Ингштад“ може да потоне по судирот што се случи утринава во 4:00 часот северно од Берген, кој е втор град по големина во Норвешка.
Ерик Вале од норвешкиот спасувачки центар, за норвешката новинска агенција НТБ изјави дека трупот на бродот бил оштетен во несреќата и “сега прима повеќе вода отколку што може да исфрли”.
Танкерот “Сола ТС” не е оштетен и неговиот 23 член екипаж останал на бродот.

Пронајдете не на следниве мрежи: