недела, 15 ноември 2026
Најново

Таравари го тужи Меџити за клевета

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, преку својот адвокат Aбидин Абдули, вчера поднесе тужба за клевета во Основниот суд Скопје 2 против градоначалникот на Чаир, Изет Меџити.

Тужбата доаѓа по изјавите дадени од Меџити во телевизиска емисија на „Lajm TV“, каде што тој тврдел дека Таравари за време на својот мандат како министер, издал седум лиценци за фабрики за преработка на канабис.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Според соопштението, пред поднесувањето на тужбата бил даден и законски рок за јавно извинување, кој Меџити не го искористил.

Таравари категорично ги демантираше овие обвинувања, оценувајќи ги како невистинити и клеветнички.

Поврзани вести