Таравари: Подобро е да си во опозиција отколку да бидеш “кукла“ во Владата

Да бидеш дел од систем којшто е нефункционален е идиотизам“, рече Таравари.

 Арбен Таравари, лидерот на Алијансата за Албанците во Во емисијата „Вин-Вин“на Телма отворено проговори за причините поради кои неговата партија одлучи да ја напушти владината коалиција, посочувајќи го како период на маргинализација и нефункционалност.

„Нашата идеја на почетокот на 2024 година беше многу добра – им кажавме на Албанците дека се потребни промени по 22 години власт на ДУИ“, изјавиТаравари, потсетувајќи дека коалицијата Влен успеала да освои 107.000 гласови и да ја исполни својата главна цел – испраќање на ДУИ во опозиција.
Сепак, ентузијазмот брзо згаснал. Според неговите зборови, па така по само десет месеци владеење, партијата се соочила со суровата реалност. Тој тврди дека ВМРО-ДПМНЕ извршила „тотална маргинализација“ врз нивните кадри каде повеќето директори на Влен биле зависни од замениците директори.
„Влен е само еден декор во владата, колку да се каже дека има и албански претставници, а да немаат никаков импакт и никакво влијание“, посочи Таравари. 
 Според Таравари подобро е да си во опозиција отколку да бидеш кукла во владата.
„Јас карактерно не можам да бидам кукла во една влада… Да бидеш дел од систем којшто е нефункционален е идиотизам“, рече Таравари.
Тој е опстимист и не мисли дека нешто загубиле како партија дури и конечно раздвојувањето со Зијадин Села  го смета за одамна завршена работа иако печатите судски дури сега се расчистени, и порачува дека голема опоасност за државата е дистанцирањето од ЕУ рефомите и застој на процесите , особено што останавме зад  Албанија и Црна гора  во аутсајдерско друшто со Србија, БИХ и Косово.

Пронајдете не на следниве мрежи: