Татковците во Македонија ќе добијат породилно отсуство, еве колку ќе трае

Не се намалува породилното за мајките, туку четири месеци добива и таткото, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

„Тоа што се прошири по социјалните мрежи за кратење на породилното отсутво, тоа не е вистина, туку е шпекулација, односно нецелосно прикажување на новиот текст закон за работни односи, затоа што на мајката не и се скратуваат тие сегашни девет месеци, туку напротив се додаваат четири месеци како можност таткото да користи родителско отсутво заради раѓање на дете. Очекуваме во февруари да ни завршат овие јавни дебати околу текстот, да ги собереме предлозите, коментарите, тоа што е конструктивно и текстот да влезе во владина процедура, кој потоа ќе се прати во собраниска процедура“, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.
Ваквиот пристап има за цел изедначување на улогата на мајката и таткото, односно мажот и жената во периодот на подигање на детето или децата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.