Свежите краставици се послужуваат како освежувачки и крцкав додаток со разни јадења, особено оние добро зачинетите.
Тие одлично одат со сосови базирани на јогурт и ќе бидат одлична храна за салата што може да ја послужите со само малку сол и бибер.
Но, ако сакате малку да го подобрите вкусот на свежите краставици – маринирајте ги со екстракт од лимон. Тоа е состојката која почесто се користи при подготовка на колачи и торти. Но, има силен вкус на цитрус кој одлично ќе им одговара на краставиците.
Имајте на ум дека екстрактот од лимон може да се замени со свежо исцеден сок од ова цитрусно овошје, но дека нема да добиете ниту приближно исти резултати. Успешноста на салатата и нејзиниот неверојатно освежувачки вкус се засноваат на употребата на екстракт од лимон.
Состојки:
– 3 големи краставици
– 150мл. оцет
– 6 лажички бел шеќер
– 1 лажичка екстракт од лимон
– сол и бибер по желба
Подготовка:
Добро измијте ги краставиците и пресечете ги на мали парчиња. Ако сакате може да ја извадите и кората на краставицата пред да ја пресечете на парчиња. Во посебен сад измешајте ги оцетот, шеќерот, екстрактот од лимон, солта и биберот.
Течноста прелијте ја преку краставиците. Затворете ги и ставете ги во фрижидер за вкусовите да се соединат, барем два часа, а идеално би било преку ноќ.
Салатата послужете ја изладена со храна по желба.