Таљатели со пилешко и зеленчук

250 г таљатели
250 г пилешко месо
300 мл хопла
3 зелени пиперки
3-4 моркови
3-4 чешниња лук
2 лажици сенф
рендан пармезан
масло
сол и мелен црн пипер
Таљателите сварете ги во посолена вода и исцедете ги.
На загреано масло издинстајте го ситно исечканиот лук, додедете ги коцките месо и продолжете да динстате. Откако месото ќе омекне додадете ги лентите пиперки и моркови, и динстајте уште 10-тина минути. Посолете и зачинете со црн пипер. На крајот вмешајте ги сенфот, хоплата и ренданиот пармезан, и промешајте го сосот. Сервирајте ги исцедените таљатели, нанесете го сосот и декорирајте.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.