Телефони за контакт од МНР за пациентите кои се лекуваат во други земји

Владата и Министерството за надворешни работи и трговија се во постојана комуникација со семејствата на повредените кои во моментот се лекуваат во други земји, но и оние кои тековно се испраќаат.Во прилог ги испратијa броевите      Министерство за надворешни работи и надворешна трговија:  075/273-732      075/268-736      Турција-Анкара      +90 5316579200      +90 5335725684      Турција-Истанбул      +90 542 810 99 78      +90 552 561 80 09      Грција-Атина      +30 6944190134      +30 6947736602      Грција-Солун      +30 694 525 8536      Бугарија      +359 876123768      +359 876112993      +359 889210005      Србија      +381 601382942      +381 601427455      Унгарија      +363 03037377      Литванија-Полска      +48 608141191      Австрија      +436644680520      +436767069209      Словенија      +386 41 353 198      +386 40 800 747      Хрватска      +385 99 524 4741      +385 91 608 2944      Норвешка      +47 406 31 613      +47 922 34 630      Италија      +39 3384079247      +39 3518504187      Полска      +48 608 141191      Шведска      +46 701844605      +46 768792019Бројот на жртви во пожарот во Кочани е 59, за жал млади луѓе кои на трагичен начин ги изгубија своите животи. Но, одредени медиуми повикувајќи се на разноразни непроверени извори шпекулираат со бројот на починати и дополнително придонесуваат за вознемирување на јавноста.Во овие моменти на тага, Ве замолуваме сите да се однесуваме одговорно, ова е трагедија за цела држава и да сочувствуваме со болката на најблиските.Сѐ што има во интерес на истрагата, Владата, Министерството за внатрешни работи и сите други органи транспарентно и навремено преку прес-конференции и преку соопштенија известуваат за најновите информации. Никој нема да биде поштеден од одговорност, без разлика колкава и да биде вината на кој било инволвиран во овој случај, соодветно ќе одговара.Повторуваме дека ништо нема да биде скриено и стоиме на располагање за дополнителни прашања од интерес на јавноста.Исто така, Владата донесе одлука за целосно покривање на трошоците за сместување и превоз на семејствата на повредените лица кои се лекуваат во странство. За побрза и поефикасна комуникација во таа насока е отворена и телефонска линија, а бројот е 070270370.Замолија, во овие тешки и тажни моменти за сите македонски граѓани, и во знак на почит на загинатите жртви, повредените и нивните семејства ги замолуваме медиумите да се воздржат од објавување на шпекулации и дезинформации, се со цел да не создаваме дополнителна болка и стрес на јавноста.

Пронајдете не на следниве мрежи: