Телешко месо со сланина и сос од смокви

После моето учество во кулинарското шоу, се решив дома да го испробам рецептот и да се уверам во неговата убавина. Не погрешив, никако, спојот на вкусовите беше совршен…
Ако имате свежи смокви искористете ја нивната средина, извадете ја со лажиче, ако се суви тогаш изблендирајте ги.


На малку маслиново масло ставете го кромитчето исечкано на покрупни парчиња, лутата пиперка ситно исечкана, нека попржат малку, па ставете ги смоквите, зачинете со сол, бибер, буковска и оригано и пржете две-три минути. Потоа додајте го виното и варете неколку минути, да се добие убав сос. Пробајте, ако има потреба (заради киселоста на виното) додајте и лажиче шеќер.


На малку масло ставете ја исечканата сланина да се запржи, па додајте го месото исечено на ленти. Во истата тава додајте и две млади кромитчиња крупно исечени и зачинете по ваш вкус. Нека се пржи двааесетина минути, превртувајќи го месото.
На тањир ставете од месото и одозгора прелијте го со сосот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.