Цело лето го поминавме облечени во фустани во сите можни должини, кроеви и бои. Високите температури не нѝ оставија премногу избор за било која друга комбинација, а ако бидеме искрени, се презаситивме и од тренирките и опуштените комбинации од кои не „излеговме“ цела пролет.
Сега кога температурите малку опаднаа, расположени сме за панталони и тоа оние вистинските – убави панталони со широк крој (и висок струк) кои можат да се приспособат на секоја комбинација.
Најпрвин забележавме еден прекрасен бел модел кој го носеше апсолутната кралица на минимализмот, манекенката Роузи Хантингтон Вајтли, во комбинација со предимензионирана кошула и ниски сандали.
View this post on Instagram
Широките панталони се лесни за комбинирање затоа што одлично одат во комбинација и со високи потпетици и со рамни чевли. Носете ги со некои добри салонки или шпиц балетанки, мокасини, сандали или патики, ако сте девојка на која удобноста ѝ е на прво место.
Во продолжение ви претставуваме неколку фотографии кои можат да ви послужат како идеи за модно стилизирање:
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.
View this post on Instagram