Тестенини со сувомеснато, брокула и пармезан

СОСТОЈКИ:
350 гр тестенини
1 главица брокула на цветчиња
2 дл крем павлака
100 гр рендан пармезан
100 гр исечкано сувомеснато
4 лажици маслиново масло
1 главица кромид
1 лажица сечкан лук
сол
бибер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во врела посолена вода згответе тестенини и исцедете ги. Кратко обварете ја брокулата.
Во тенџере загрејте масло на средна температура и пропржете ситно сечкан кромид и лук. Потоа додајте брокула, динстајте 3-5 минути, па измешајте павлака и рендан пармезан.
Кога павлаката ќе зоврие, додајте исцедени тестенини, добро измешајте, посолете и побиберете по желба. Месото кратко испржете го на тефлон тава и исечкајте го на парчиња. Распоредете по сервираните порции и послужете.
Добар апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.