ТЕСТО ЗА КИФЛИЧКИ КОЕ НЕ МОЖЕ ДА НЕ ВИ УСПЕЕ! Еве во што е ТАЈНАТА – солени или слатки, НЕ Е ВАЖНО!

Не е тешко и брзо се подготвува
Состојки
250 мл млако млеко
3 лажици шеќер
1 коцка свеж квасец
500 грама брашно
100 мл масло
1 лажичка сол
1 жолчка од јајце
За премачкување
1 жолчка од јајце
малку млеко


Подготовка
Раскршете го свежиот квасец во млакото млеко, додадете шеќер и измешајте. Додадете малку од брашното во садот, па оставете го да нарасне. Потоа додадете масло, сол, жолчки и соединете сè. Додадете повеќе брашно и месете со раце.
Поделете го тестото на три еднакви делови, а потоа месете го уште малку. Потоа со сукало развлечете ги трите дела на што е можно потенок круг, кој ќе го исечете на 8 дела.
Наполнете по желба, завиткајте, ставете тава и премачкајте со жолчка од јајце. Оставете ги да нараснат околу 45 минути.
Солените кифли може да ги поросите со семки по желба, а слатките може да ги посипете со шеќер во прав кога ќе се испечат.
Печете ги на 180 степени Целзиусови околу 20 минути. Кога ќе се испечат, покријте ги со крпа додека се лада

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.