Тетово постојано е со зголемено загадување на воздухот-Општината не презема ништо, протестираат основците

Според официјалните податоци за загадувањето на воздугот со ПМ 10 честички овие денови во Тетово тоа се движи околу и под 50 микрограми на метар кубен воздух. Тоа е причината заради која помали групи ученици од деветтите одделенија од основните училишта “Лирија“, “Братство Миѓени“ и “Андреа Савески Кикиш“ со самоиницијативно собирање и мирен протест пред зградата на локалната самоуправа во Тетово, како што рекоа некои од нив, го изразија незадоволство од загадувањето на воздухот и непреземањето мерки за подобрување на состојбите од страна на Општината.
– Иако Тетово постојано е со зголемено загадување на воздухот Општината не презема ништо за намалувањето на загадувањето. Од друга страна ваквото ниво на загаден воздух ни пречи и е причинител за болести и проблеми и кај учениците но и кај сите жители на градот, рекоа дел од учесниците во денешниот протест.
Протестот на дел од основците се одвиваше на градскиот плоштад како и пред општинската зграда, но при тоа учениците не го блокираа сообраќајот туку стоеја на тротоарот од спроти зградата. По кусо време тие се разотидоа, но најавија дека во четврток со почеток во 8 часот повторно ќе протестираат од истите причини и дека очекуваат тогаш  да им се придружат и нивните соученици од сите класови од утринската смена.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.