„Тешки сме Драгане“: Заглави автобусот со кој Вучиќ ги надгледуваше градежните работи на стадионот во Сурчин

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на новинарите во обиколката на почетокот на работите на тој стадион изјави дека граѓаните ќе одлучат како ќе се вика Националниот стадион.

Работите на стадионот се во тек, што се виде и во директниот пренос, кога Вучиќ рече дека сите ќе мора да излезат од автобусот, бидејќи се заглавил во песок.

„Одиме во друг автобус, бидејќи овој се заглави во калта. Тешки сме Драгане“, рече Вучиќ обраќајќи му се на селекторот на српската фудбалска репрезентација Драган Стојковиќ Пикси.

Јас по тежина, Драган како човек“, додаде Вучиќ.

Стојковиќ се обиде да објасни зошто автобусот се заглавил: „На крајот на краиштата, ова е песок овде“, рече тој.

Знаете ли колку вода фрливме и пак не вреди“, рече претседателот на Србија.

Пронајдете не на следниве мрежи: