Тиквички од тесто

Состојки
За тесто
100 мл млеко
100 мл вода
50 мл зејтин
1 лажица сол
1 лажичка шеќер
1/2 парче (20гр) свеж квасец
100 гр варена тиква
420 гр брашно ( се достава ако има потреба )
1 готварски конец за оформување на тиквичките
1 јајце за премачкување

Интересен рецепт кои ако имате мали деца, ќе им стане омилен.
Вкусен пред се, а тестото меко и сочно.
Сварете ја тиквата пред време и испасирајте ја.
Во садот во кој ќе месите додајте ги прво течните состојки, а потоа и квасецот.
Промешајте ги и додадете го пирето од тиква.
Ставетепо вкус. Можете 50гр тиква или 100гр. Зависи тиквата каква е, сочна или не.
Соединете ја смесата додавајќи брашно.
Имајте некој грам брашно во близина.


Некогаш може тестото да испадне помеко заради сочноста на тиквата.
Замесете го тестото и оставете да одмори околу 30 минути.
Пресечете околу 15 топчиња и оформети ги со рацете како топчиња.
Земете го готварскиот конец и прво пеполовете од прилика со конецот.
Потоа од обратната страна ( пример на сликите )
Откако сте ги оформиле пресечете го конецот и наредете ги во тавата каде ќе ги печете.
Премачкајте ги со матено јајце и ставете ги да се печат во вжештена рерна.
Откако се заруменетивадете ги од рерната и премачкајте ги со маргарин.
Оставете да одморат покриенисо памучна крпа.
Откако ќе се изладени на средината ставете им по едно каранфилче кое ќе го декорирате со фондан.
На здравје да ви е.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.