Толку од убавото време, подгответе се за драстична промена

Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно, во попладневните и во ноќните часови со локални слаби врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој во текот на ноќта ќе се засилува.
Утринската температура ќе се движи од – 4 до 5, а дневната од 3 до 14 степени Целзиусови.
И во Скопје слично време, променливо облачно, во попладневните и во ноќните часови со слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој во текот на ноќта ќе се засили. Утринската температура ќе се спушти до 0, а дневната ќе се искачи до 11 степени.
Поради нагло спуштање на многу студена воздушна маса од север, во сабота преку денот ќе дува силен североистичен ветер, чија брзина на места ќе достигнува од 90 до 100 км/ч. Дневната температура значиелно ќе се намали, на повеќе места ќе биде за околу 15 степени пониска во однос на денешната.
Во сабота претпладне и околу пладне ќе има локални врнежи. Во недела времето ќе биде сончево со умерена облачност и студено. Ќе дува умерен до засилен североисточен ветер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.