Топчиња од кромид, мелено и сланина

Состојки
4-5 главици приближно ист кромид
300 гр мелено месо
зачини за месото по вкус
300 гр ленти сланина

Ова е една интересна идеја за вкусно мезе.
Главичките кромид одберете ги да бидат приближна големина, заради естетика, ништо друго. Излупете ги, пресечете ги на половина и полека одделете ги.
Месото измесете го онака како и што си правите. Јас внатре додадов сув зачин, бибер, малку оригано, магдонос и ги изрендав парчињата кромид кои ми останаа од внатрешноста.
Наполнете ги половинките од кромид и споете по две.


Однадвор замотајте ги со ленти од сланина. Ставете и чепкалки за да не се отвораат.
Печете ги или на скара, или во рерна како што направив јас или нормално, на грил тава се додека сланината убаво не зарумени.
Служете ги со сосови по желба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.