Топ 10 плажи за сечиј вкус и џеб во Црна Гора

На барање на туристичката индустрија, Црна Гора ги отвора границите за Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Албанија.
За влез во Црна Гора, најверојатно ќе биде потребен ПЦР негативен тест или серолошки, рече директорот на Институтот за јавно здравје на Црна Гора, д-р Бобан Мугоша.
Ако се одлучите да заминете на одмор во Црна Гора, ви предлагаме листа на 10 најубави плажи таму.
Будва, Котор, Свети Стефан се едни од најпопуларните дестинации во Црна Гора, но ете кои се најубавите плажи:
Плави хоризонти, Тиват


Плажата Плави хоризонти се наоѓа на дното на заливот Пржно, и важи за една од најубавите на црногорскиот брег.
Посебен шарм на плажата и даваат маслиновите градини и борови шуми – сенки под кои уживаат многу капачи. Плиткото дно се протега далеку во морето, така што е погодно за деца и не-пливачи.
Трстено, Котор


Заливот Трстено е една од најубавите плажи во регионот на Доњи Грбља. Плажата е покриена со песок, а морето е јасно и азурно сино со песочно дно.
Јаз, Будва


Само неколку километри од Будва е плажата Јаз, една од трите најдолги плажи на црногорскиот брег и секако една од најубавите.
Плажата Јаз се состои од два дела. Иако оваа плажа е популарна за сончање и кампување, таа доби меѓународен углед како домаќин на бројни концерти и настани во последните неколку години.
Облатно, Тиват


Облатно е залив кој се наоѓа во близина на селото Радовиќи. Пошумена и недопрена од околни градби, плажата има посебна вредност.
Жањице, Херцег Нови


Плажата Жањице се наоѓа во заливот Мириште, покрај синото море и старите маслинови градини. Плажата е направена од бели камења, во близина се Сината пештера и островот Мамула со старата австриска тврдина.
Милочер, Будва


Милочер или плажа на Кралева се наоѓа во непосредна близина на некогашната летна резиденција на кралското семејство Караѓорѓевиќ, изградена во 1934 година. Плажата е опкружена со шума, спаѓа во категоријата песочни плажи.
Лушице, Петровац


Плажата Лушице е 500 метри оддалечена од Петровац во правец на Бар. Има облик на мал залив, со околни кафе барови. На самиот крај на плажата има слајд со вода, кој е идеален за деца.
Голем песок, Бар


Заливите на Велики и Мали песок се наоѓаат на југот на Бар. Плажите имаат песочна површина, во вода и на брегот. Поради извонредната локација, можете да уживате во фантастично зајдисонце во доцните попладневни часови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.