Торта од сирење, капини и боровници со пишкоти

Оваа лесна торта освежува и заситува, но и не содржи многу висококалорични намирници, што ја прави одлична за оние кои се на диета. Љубителите на овошните десерти ќе ја обожаваат!
Торта од сирење, капини и боровници со пишкоти
За подготовка на оваа торта се потребни 40 минути.
Потребни состојки за 4 лица:
200 грама пишкоти
100 грама капини
100 грама боровинки
3 јајца
100 грама шеќер
150 милилитри млеко
1 ванилин шеќер
400 грама свежо кравјо сирење
300 милилитри готова шлаг пена


5 листови желатин
Начин на подготовка:
Јајцата, шеќерот, ванилиниот шеќер и млекото изматете ги на пареа или на оган додека не добиете пенест крем. Потоа додајте го желатинот, кој претходно сте го намокриле во студена вода и матете уште една минута.
Изматете го сирењето со миксер додека не стане пенесто и потоа измешајте го со жешкиот крем.
Изладете ја смесата на собна температура и во неа додајте половина од овошјето и шлагот.
Во калап наредете ги пишкотите на дното и прелијте ги со кремот. На крајот нежно удрете го калапот од масата за кремот да ги пополни празните места. Наредете го и останатото овошје. Оставете ја тортата во фрижидер најмалку шест часа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.