Торта со ореви

ЗА ПАНДИШПАН
10 јајца
10 лажици шеќер
8 лажици мармалад од кајсии
ЗА ФИЛ
500 мл млеко
12 лажици шеќер
2 кесички пудинг од ванила
250 г маргарин
100 г шеќер во прав
250 г сечкани ореви
Белките изматете ги со шеќерот. Додадете го мармаладот и промешајте.  Нанесете ја смесата во тава, испечете пандишпан и исечете го на 3 ленти.
Од млекото, пудингот и 6 лажици шеќер сварете пудинг. На пареа од жолчките и 6 лажици шеќер сварете крем. Маргаринот изматете го со шеќерот во прав. Додадете ги изладениот пудинг и изладениот крем од жолчки, и изматете го филот.
Премачкајте ја првата лента пандишпан, ставете ја втората и филувајте. Нанесете 100 г сечкани ореви и ставете ја третата лента пандишпан. Филувајте ја тортата и облепете ја со сечкани ореви.

 

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.