Торта „Финска убавица“: Безбеден и брз рецепт што не може да не успее!

Оваа торта е едноставно создадена за моменти на уживање. Доколку сте вистински сладокусци тогаш ви препорачуваме веднаш да ја направите.
Торта „Финска убавица“: Безбеден и брз рецепт што не може да не успее!
Потребни состојки:
8 големи јајца или 10 помали,
300 г мелени ореви,
220 г шеќер,
300 г млечно чоколадо,
50 г какао во прав,
50 г печени лешници,
200 г путер,
дополнителни 70 г млечно чоколадо,
30 мл слатка павлака
прстофат сол.


Начин на подготовка:
Одвојте ги жолчките од белките и ставете ги жолчките над тенџере со вода што врие заедно со 110 г шеќер. Изматете ги со миксер на умерена температура додека шеќерот не се растопи. Смесата не треба да биде премногу густа.
Кога смесата малку ќе се излади, додајте 200 г путер на собна температура и изматете со миксер за убаво да се соединат состојките. Додадете 250 г растопено чоколадо, 50 г какао во прав. Матете уште 2-3 минути за да добиете совршено мазна смеса. На крај, додајте ги мелените ореви и измешајте со лажица додека смесата не стане компактна.
Изматете ги белките со прстофат сол додека не се оформи снег, а потоа постепено додајте 110 г шеќер со постојано матејќи. Треба да се добие цврст снег. Додадете ги белките во чоколадната смеса. Лесно промешајте додека не се соединат состојките.
Истурете две третини од смесата во подмачкан плех обложен со хартија за печење и убаво израмнете ја површината. Печете на 200 ᵒC, 10 минути, а потоа намалете на 180 ᵒC и печете уште 30 до 35 минути. Тестото малку ќе нарасне. Следете го тестото додека се пече. Треба да биде рамно и да нараснува рамномерно насекаде, а кога средината ќе започне да се движи, извадете ја од рерната.
Преостанатата третина од приготвената содржина се користи како фил. Ставете го филот во пластична слаткарска кеса и оставете го да отстои во фрижидер околу 30 мин. додека кората се пече.
Сомелете лешници, растопете 50 г чоколадо и додадете сè во преостанатата третина од чоколадната смеса. Убаво соединете ги состојките и повторно ставете ги во фрижидер додека кората целосно не се излади.
Извадете го изладеното тесто од плехот, отстранете ја хартијата за печење и нанесете го филот насекаде рамномерно (и одозгора и од страните на тортата).
Растопете 70 г млечно чоколадо со 30 мл павлака. Изладете го преливот и нанесете го врз тортата. Наросете со ореви, лешници или кокос.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.