4 тортиљи
400 г мелено месо
1 зелена пиперка
1/2 главица зелка
1 главица кромид
1 чешне лук
150 мл кечап
маслиново масло, сол и мелен црн пипер
мајонез по желба
На загреано масло испржете го ситно исечканиот кромид. Додадете го месото и испржете го повремено промешувајќи. Потоа, додадете ги изгмечениот лук и кечапот. Посолете и зачинете со црн пипер.
Пиперката и зелката исечкајте ги. Тортиљите згрејте ги во рерна, наполнете ги со филот од месо и исечканиот зеленчук. На крај додадете мајонез по желба.