Тост од рерна

Доколку сте љубители на тостови и сендвичи, тогаш пробајте малку поинаков рецепт: тост подготвен во рерна. Сигурни сме дека ќе уживате!
Потребни состојки:
200 г тост леб
50 г путер
100 г моцарела
половина лута пиперка (не мора)
прстофат бибер
100 г кулен


Начин на подготовка:
Исечете ги крајчињата на тост лебот и секое парче пресечете го на половина.
Секоја половинка леб намачкајте ја со путер и наредете ја со намачканиот дел надолу во правоаголна тава за печење.
Врз лебот наредете парчиња моцарела, коцки кулен, парченца пиперка и наросете со бибер.
Наредете ги одозгора преостанатите половинки тост леб.
Печете 15 минути во загреана рерна на 180 ᵒC.
Уживајте!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.