Традиционално француско предјадење: Супа од кромид

1 кг кромид
2 лажици путер
4 парчиња багет леб
100 г Гауда
рендано морско оревче
сол и мелен црн пипер
Кромидот исечкајте го на тенки кругови и издинстајте ги на растопениот путер. Во тенџерето налејте 1 литар вода, покријте го со капак и динстајте 15 минути на тивок оган. Посолете и зачинете со црн пипер. Додадете го морското оревче и сервирајте ја супата во 4 длабоки огноотпорни чинии. Во секоја ставете по едно препечено парче багет леб и нанесете рендана Гауда. Наредете ги чиниите во тава, ставете ја во рерна загрена на 225 степени и запечете додека се растопи Гаудата.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.