недела, 15 ноември 2026
Најново

Трамп е подготвен да употреби смртоносна сила во Иран доколку е потребно, но секогаш прва опција му е дипломатијата

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Првата опција на американскиот претседател Доналд Трамп во справувањето со Техеран е секогаш дипломатија, но тој е подготвен да употреби смртоносна сила доколку е потребно, изјави денеска неговата портпаролка, додека државниот секретар се подготвува да ги информира врвните конгресни лидери за Иран подоцна во текот на денот.

„Првата опција на претседателот Трамп е секогаш дипломатија. Но, како што покажа, тој е подготвен да ја употреби смртоносната сила на американската војска доколку е потребно“, изјави Каролин Ливит пред новинарите во Белата куќа. „Претседателот е секогаш оној кој ги донесува конечните одлуки“, додаде таа.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, подоцна денеска треба да ги информира врвните конгресни лидери познати како „Бандата на осуммината“ во Белата куќа, наведе американскиот Стејт департмент.

Се очекува Рубио да ги информира пратениците за Иран, изјави извор запознаен со ова прашање.

САД распоредија огромна поморска сила во близина на брегот на Иран пред можни напади врз Исламската Република. Трамп пред пет дена изјави дека му дава на Техеран 10 до 15 дена да постигне договор.

Трамп, вечерва, во својот говор за состојбата на нацијата, може да се осврне и на нападот врз Иран со кој се заканува поради неговата нуклеарна програма.

Поврзани вести