Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп се огласи на својата социјална мрежа Трут соушал откако канадскиот премиер Џастин Трудо поднесе оставка.
„Многу луѓе во Канада би сакале да бидат 51 држава. Соединетите Американски Држави повеќе не можат да ги трпат големите трговски дефицити и субвенции кои на Канада ѝ се потребни за да опстане. Џастин Трудо го знаеше тоа и поднесе оставка. Кога Канада би се споила со САД, би немало царини, даноците би биле значително пониски, и би биле целосно безбедни од опасноста од руските и кинеските бродови кои постојано кружат. Заедно, колку голема нација би било тоа“, порача Трамп.
Трамп првпат ја изнесе идејата за „51 држава“ за време на вечера со Трудо на крајот на ноември. За време на таа средба новоизбраниот американски претседател дофрлил дека Канада, ако не може да ги преживее царините од 25 отсто, би можела да стане 51 американска држава.
Од тогаш во пораки на социјалните мрежи во повеќе наврати шефот на канадската влада го опиша како гувернер, што е функција која во САД го означува лидерот на извршната власт на сојузната држава.
Трудо, кој беше лидер на Либералната партија 11 години, а премиер 9 години, се соочи со низа критики, од заканата со царини од Трамп, до оставките на клучните сојузници и катастрофалната поддршка од народот.
JUST IN – Trump renews calls for Canada to “merge” with the United States shortly after Trudeau resigns. pic.twitter.com/Ge0EoWdSO3
— Disclose.tv (@disclosetv) January 6, 2025