Трамп може да биде кандидат на изборите во Колорадо

Белата куќа засега нема коментар за одлуката на американскиот Врховен суд, а Доналд Трамп накратко преку социјалните мрежи објави дека пресудата е „голема победа за Америка“

Врховниот суд на САД денеска едногласно одлучи поранешниот американски претседател Доналд Трамп да може да се појави во Колорадо како кандидат на републиканските прелиминарни избори за претседателска номинација, одлука која ќе има влијание во сите сојузни држави на САД, пренесува Си-ен-ен.

Ова тоа, како што пренесува Си-ен-ен, Трамп може да биде дисквалификуван на претседателските избори поради неговата улога во нападот на разгневената толпа на Капитол, односно зградата на Американскиот Конгрес на 6 јануари 2021 година.

Врховниот суд на американската сојузна држава Колорадо му забрани на Трамп да учествува на републиканските прелиминарни избори врз основа на клаузулата во 14-тиот амандман на американскиот Устав, напишан по Американската граѓанска војна.
Со слична логика се воделе и сојузните држави Мејн и Илиноис.

Според амандманите на американскиот Устав, на секој што учествувал во бунт му е забрането да извршува функција. Пресудата во Колорадо се однесуваше на дејствијата на Трамп за време на нападот на зградата на американскиот Конгрес на 6 јануари 2021 година од страна на неговите поддржувачи.

Белата куќа засега нема коментар за одлуката на американскиот Врховен суд, а Доналд Трамп накратко преку социјалните мрежи објави дека пресудата е „голема победа за Америка“.

Трамп е фаворит како републикански кандидат да се бори за претседателската функција против демократскиот кандидат Џо Бајден, на претседателските избори на 5 ноември.

Неговиот единствен преостанат кандидат за номинација на неговата партија е поранешната гувернерка на Јужна Каролина, Ники Хејли.

На Трамп, исто така, му е забрането да биде на гласачкото ливче во Мејн и Илиноис, но тие одлуки се ставени во мирување во очекување на пресудата на Врховниот суд за случајот Колорадо.

Пронајдете не на следниве мрежи: