Трамп објави листа на социјалната мрежа Truth Social која покажува дека 46 отсто од косовските семејства и 41,3 отсто од албанските семејства што живеат во САД примаат социјална помош, објави reporteri.net.
На оваа листа, претседателот Трамп споделува податоци за придобивките од социјална помош од страна на имигрантските семејства од други земји во САД.
Според овие податоци, 41,3 отсто од семејствата на албански имигранти во САД примаат социјална помош од американската држава.
На оваа листа е вклучено и Косово, со 46 отсто од семејствата кои примаат социјална помош.
Табелите се дел од рангирањето насловено „Стапки на приматели на социјална помош за имигранти по земја на потекло“, кое го претставува процентот на имигрантски семејства кои примаат социјална помош, поделено по земја на потекло.



