Трамп: САД постигнаа трговски договор со Кина!

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е постигнат трговски договор меѓу САД и Кина по дводневните разговори во Лондон оваа недела.

„Нашиот договор со Кина е склучен“, рече Трамп на социјалната мрежа „Truth Social“.

Според Трамп, САД ќе имаат пристап до резервите на Кина на ретки земни минерали и магнети, што беше едно од главните барања на американската делегација за време на разговорите во Ленсдаун Хаус во понеделник и вторник. Трамп додаде дека односите меѓу Вашингтон и Пекинг сега се „одлични“, иако во претходните изјави тврдеше дека преговорите биле „многу тешки“, а во истото соопштение истакна и дека е постигнат договор за нивото на царините – 55 проценти за САД, 10 проценти за Кина. Трамп исто така изјави дека за возврат, на кинеските студенти им е дозволено да студираат на американските универзитети. Трамп додаде и дека ќе соработува тесно со кинескиот претседател Си Џинпинг на економскиот фронт.

„Претседателот Си и јас ќе соработуваме тесно за да ја отвориме Кина за американската трговија. Тоа би била голема победа за двете земји!“, напиша Трамп.

Пронајдете не на следниве мрежи: