четврток, 12 ноември 2026
Најново

Трамп ја најави средбата на Виткоф со Путин следната недела, неговиот советник Кушнер може да отпатува и во Москва

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека средбата меѓу неговиот специјален пратеник, Стив Виткоф, и рускиот лидер Владимир Путин е закажана за следната недела во Москва.

„Стив Виткоф оди во Русија, веројатно со Џаред Кушнер, не сум сигурен дали Џаред оди, но тој е вклучен во процесот на решавање на војната во Украина. Паметен човек. И тие ќе се сретнат со претседателот Путин, верувам следната недела во Москва“, рече американскиот претседател, пренесува Телеграф.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Претходно, Трамп изјави дека го испратил Виткоф во Москва за да го финализира „мировниот план“, кој, според американскиот претседател, има само неколку преостанати контроверзни точки.

Трамп, исто така, рече дека е подготвен лично да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот лидер Владимир Путин, само под услов „мировниот договор“ да биде целосно договорен или да е во завршна фаза.

Инаку, вчера се одржа состанок меѓу американската и руската страна во Саудиска Арабија, каде што ова го потврди и Белата куќа.

Поврзани вести