Црвениот автомобил марка „Тесла“ кој американскиот претседател Доналд Трамп го купи за да му помогне на Илон Маск да ја промовира својата фирма, со недели стои паркиран пред Белата Куќа, а Трамп се мисли дали да ја продаде или подари, објави Си-Би-Ес Њуз повикувајќи се на извор во Белата Куќа запознаен со состојбата.
Трамп и Маск влегоа во неочекуван сериозен вербален конфликт.
Не размислувам за Илон. Тој има проблем. Тој сирот човек има проблем“, изјави Трамп за „Си Ен Ен“ опишувајќи го својот неодамнешен пријател и поддржувач во политиката како „човек што го загубил умот“.
Маск сè уште не дал никакви изјави поврзани со вербалната расправија со Трамп.



