Трајановски: Наместо 600 евра минимална плата, власта има други, погрешни приоритети

 Оваа влада е лицемерна и нема чувство кога се во прашање приоритетите и потребите на граѓаните, нагласи потпретседателот на СДСМ, Александар Трајановски, во интервју во емисијата „360 Степени“ .

Трајановски посочи дека додека граѓаните се соочуваат со се потешки услови за живот, со цени кои секојдневно растат и допрва ќе растат со последните поскапувања на горивото, власта зборува за сосема погрешни приоритети и нема слух за 600 евра минимална плата.
„Кое е тоа лицемерие, да се зборува за потреба од купување владин авион, а од друга страна да се прават слепи пред работниците. Да се прават слепи на барањата за минималната плата, и  во исто време да нарачуваат  манго и папаја“,рече Трајановски.
Тој додаде дека секогаш кога државата  ќе влезе во инфлација или кога ќе станат неподносливи условите за живот на граѓаните, владата е должна да ги искористи сите механизми за да им помогне на граѓаните, како што тоа го правеше владата на СДСМ во првите години од мандатот, но и во најтешките кризи.
„Ако зборуваме за минималната плата, се гледа целото лицемерие на ВМРО-ДПМНЕ. Ние во првите две години од нашето владеење од 8.000 ја покачивме минималната плата на 14.600 денари, што е околу 60% зголемување. Потоа се боревме и со ковид-криза и со енергетска криза и стигнавме до 23.000 денари. Разликата од тоа време и кризи и  ова време сега не може да се спореди. Така што целото владеење на оваа влада има една надолна линија“,  рече Трајановски.

Пронајдете не на следниве мрежи: