Мини здолништата отсекогаш биле популарни, па затоа и веруваме дека ќе ги гледаме уште долго. Токму затоа и решивме денес да споделиме со вас 5 зимски начини на коишто можете да го носите вашето омилено кусо здолниште, без притоа да смрзнете во текот на студените денови.
1. Мини здолниште + чизми до колена
Оваа комбинација е совршена за дневни, но и за вечерни комбинации. За „најтопол“ ефект, комбинирајте го мини здолништето со дебела ролка.
2. Мини здолниште + џемпер во силна боја
View this post on Instagram
High neck season ? winter come @ me. Outfit details and links on story + bio.
Оваа комбинација едноставно не може да помине незабележани. Дебелиот џемпер во впечатлива боја одлично оди со мини здолништето, особено ако одите на љубовен состанок.
3. Мини здолниште + класичен капут
Ако сакате да облечете нешто класично, но сепак да останете во чекор со модата, тогаш капутот во комбинација со мини здолниште е најдобриот избор за вас.
4. Лелеаво мини здолниште + чизми над колена
Оваа секси и впечатлива комбинација најдобро ќе им стои на високите девојки со долги нозе.
5. Мини здолниште со животински принт + карирано сако
Ако сакате да експериментирате, оваа комбинација ќе ви биде омилена! Бидете храбри и слободно мешајте различни принтови доколку сакате да бидете навистина забележани.