Спојот на „спротивностите” секогаш е предизвик во модната индустрија.
Фузијата на различните естетики е доминантна во уличната мода и токму тоа е она што ја прави возбудлива. А тендециите од уличната мода се наметнуваат и во општоприфатените трендови, што повторно укажува на нејзиното влијание во модниот свет.
Една таква сезонска тенденција, популарна и меѓу впечатливите стилски икони од уличната мода, но и на Инстаграм, е спојот на лежерни, широки и топли плетива со дамски и елегантни здолништа.
Таквата комбинација остава впечаток на урбан, а истовремено и софистициран изглед.
Предност е што овој спој може да го имате во предвид и како деловна комбинација, комплетирана со соодветни чевли и блејзер, а од друга страна со избор на повпечатливи дезени, материјали или бои, овој аутфит е функционален и во свечена варијанта со елегантни високи потпетици.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.