недела, 15 ноември 2026
Најново

Тренчевска: Никој во СДСМ не се плаши од она што ќе го каже Груби, тој не беше уапсен, туку сам се предаде

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

СДСМ воопшто не се плаши од тоа што ќе го изјави Артан Груби пред институциите во текот на постапката, ниту било кој функционер и член на СДСМ, изјави Јованка Тренчевска, пратеничка на СДСМ, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Вчера се разбудивме со веста дека Артан Груби е уапсен. Впрочем, не беше уапсен, туку сам се пријавина граничниот премин и беше спроведен, најнапред во истражниот затвор, од таму во судовите за да даде изјава“, рече Тренчевска.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Таа нагласи дека треба да се прави разлика меѓу апсење и самопријавување.

„Она што е чудно и покажува дека има некаков договор, службените кои го приведоа на самата граница не беа од гранична полиција, туку службеници од друг оддел. Што значи или знаеле дека ќе дојде, некој им јавил или случајно се нашле. Не верувам дека случајно се нашле таму за да го приведат. Значи дека постои некаков договор“, потенцира Тренчевска.

Според СДСМ, додаде таа, „театарот беше на границата, а во судницата видовме договор“.

„Човек кој што побегнал од државата, бил надвор од државата повеќе од година дена, 14 месеци, има изречено мерка притвор од 30 дена, сега кога се враќа во државата, сам се пријавува, се преиначува оваа мерка притвор и се дава куќен притвор“, вели Тренчевска.

Поврзани вести