Трикот за длабинско чистење на теписи

Секој пат кога ќе го исчистите тепихот со правосмукалка, мислите дека сте ја отстраниле целата прашина и влакна кои се насобрале во него, но всушност сте го исчистиле само површинскиот дел, додека долниот дел од тепихот и натаму е полн со нечистотија.

Звучи неверојатно, но доколку го поминете тепихот со гумен бришач за миење прозорци, иако веќе сте го поминале со правосмукалката – ќе излезе нов бран нечистотија.

Овој генијален трик за чистење теписи го откри Софи Хинчклиф, позната како Mrs Hinch која има и напишано книги за домаќинство.

Бришачот нежно се повлекува шреку тепихот од кој ќе излезат влакна и прашина.

Не ви треба никакво средство, само гумен бришач за миење прозорци.

Жените кои го пробаа овој трик со ентузијазам коментираа:

„О Боже мој, мислев дека мојот тепих е чист додека не го пробав овој трик. Вечерва со бришач ќе ги исчистам сите теписи во куќата“, напишала една жена.

„Тоа е мојот нов партнер за чистење. Сега со бришач постојано ги проверувам теписите“, додава друга.

„Само што го исчистив тепихот на скалите. Излезе уште многу, многу коса“, коментира трета.

Пронајдете не на следниве мрежи: