Ниту еден ден во календарот нема толку лоша репутација како петокот кој се паѓа на 13- тиот ден од месецот. Зошто е тоа така?
1. Не се познати причините за стравот кој овој ден го предизвикува
Некои историчари веруваат дека гласините се рашириле при крајот на 19. век. Првото споменување на овој ден е забележано во биографијата на италијанскиот композитор Росини, кој починал на петок 13-ти. Другите веруваат дека овој ден има библиско потекло,
поради Исусовото распнување во петок и 13-те гости на последната вечера.
2. Стравот е, сепак, вистински
Стравот од овој ден има и свое научно име – фригатрискаидекафобија или параскевидекатриафобија. Првиот назив доаѓа од Frigg, нордиската божица на мудроста според која петокот го добил својот назив во јазиците од германското семејство, додека параскеви е грчкиот назив за петок, а декатриа – тринаесет.
3. …И многу чест
Експертите велат дека многу бизниси, а најмногу авионските компании страдаат од сериозни губитоци на петок 13-ти.
Исто така, трискадекафобија, односно стравот само од бројот тринаесет е исто така чест помеѓу луѓето, до степен до кој некои установи како хотели, болници и високи градби го избегнуваат 13. кат во нумерирањето, како што и во многу делови од светот, имањето 13 гости на трпезата се смета за лоша среќа.
4. Секоја година има петок 13-ти
Секоја година, барем еден петок ќе се падне на 13. ден од некој месец. Добрите вести се тоа што не може да има повеќе од 3 такви петоци во една календарска година. Најдолгиот период без да се здогледа петок 13-ти во календарот бил 14 месеци.
5. Обвинете ги неделите
За да еден месец има петок кој се паѓа на 13тиот ден, месецот мора да започне во недела.
6. Постои календарска шема на овие петоци
Календарската шема за лудилото наречено петок 13-ти се состои во тоа што доколку една година започне во четврток, месеците февруари, март и ноември ќе имаат петок 13ти. Ова ќе се случи 11 пати во 21-от век.
7. Дури и во престапни години
Три петоци на 13от ден можат да се случат и во престапни години, доколку први јануари од престапната година се падне во недела. Тогаш, јануари, април и јули ќе бројат по еден петок 13-ти. Ова ќе се случи четири пати во 21-от век: 2012, 2040, 2068 и 2096.
8. Алфред Хичкок е роден на 13-ти
Режисерот е роден на 13-ти август, 1899, односно петок 13ти од месецот август, 1999 би бил неговиот стотти роденден. И други познати личности се родени на овој дискутабилен ден, како актерките Мери-Кејт и Ешли Олсен, Семјуел Бекет и Фидел Кастро.
9. Денот е селективно несреќен
Ова значи дека не сите веруваат во универзалната лоша среќа на овој датум. На пример, во Италија, петок 17-ти е она што ги плаши луѓето. Италијанците дури сметаат дека 13 е среќен број!
10. Истражувањата сугерираат дека денот, можеби сепак, не е несреќен
Постојат многу малку веродостојни докази дека петок 13-ти навистина е несреќен ден. Многу истражувања покажуваат дека датумот не е тесно поврзан со несреќни настани или природни катастрофи.
11. Овој ден е инспирација за една од поуспешните филмски продукции
Проектот Петок 13-ти содржи 12 хорор филмови, телевизиска серија и неколку книги кои ги разгледуваат клетвите и суеверијата.
12. Поради овој ден една држава ги зголеми своите нивоа на заштита од несреќи
Од 1995, Финска посветува еден петок 13-ти секоја година, именуван како Национален ден на несреќите. Денот има за цел да ја подигне свеста за безбедноста на патишата, во домовите, како и на работните места.
13. Петок 13-ти во 2029 ќе биде пречекан со астероид
На 13. април, 2029, поточно петок, астероидот 99942 Апофис ќе прелета покрај Земјата. Кога астероидот бил откриен во 2004, шансите за негов судир со Земјата биле мали, но оттогаш научниците ги поправија и подобрија своите истражувања за да докажат дека не
постои воопшто никаков ризик од судир на астероидот со Земјата или нашата Месечина.