ТРИ ГОДИНИ ПОТОА: Марија Брзакова која исчезна на 18-ти јануари 2020 година уште се води како исчезната

Јавното обвинителство не го затворило случајот на исчезнатата Марија Брзакова од струмичко Босилово.

Според информациите од основното јавно обвинителство дејствија по меѓународна правна помош се побарани и од неколку други држави и странски компании.

ТРИ ГОДИНИ ПОТОА: Марија Брзакова која исчезна на 18-ти јануари 2020 година уште се води како исчезната

Марија Брзакова исчезна на 18-ти јануари 2020-тата година и цели три години нема напредок во потрагата по неа.

Тогаш 28 годишната млада мајка излегла од семејниот дом во Босилово во раните утрински часови, по тренерки и патики или влечки, а со себе немала ниту лични документи ниту мобилен телефон.

НА ТЕМА УБИСТВО, ГЕНОЦИД ПУЛС24 ЗА ВАС ИМА НАД 2500 ТЕКСТОВИ. ТУКА!!

Специјалните полициски единици со денови трагаа по Марија, го пребаруваа целиот регион, следејќи го течението на реките до бугарската граница со кучиња трагачи, но, од младата жена немаше никаква трага.

Во следниот период истражните органи ги прегледаа сите камери во центарот на селото, ги испрашуваа блиските, но не наидоа на конкретна трага и одговор, што се случило со Марија Брзакова.

Исчезнувањето на Марија Брзакова во полиција го пријавил сопругот. Тие живееле во Швајцарија, а во тој период со нивната малолетна ќерка биле вратени на подолг одмор во Македонија.

Во времето на исчезнувањето Марија била бремена.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.