четврток, 12 ноември 2026
Најново

Трошоците за живот се зголемија за 4,8%, храната и превозот најмногу ги погодуваат буџетите на граѓаните

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Трошоците за живот во мај годинава, во споредба со мај минатата година, бележат зголемување од 4,8%, а цените се зголемија малку за 5,6%.

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците за живот во мај во споредба со април годинава изнесуваше 0,6%.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Во мај 2026 година, во споредба со април 2026 година, зголемување на трошоците за живот е забележано во следните групи: Транспорт за 1,6%, Облека и обувки, Храна и безалкохолни пијалоци за 1,0%, Рекреација, спорт и култура за 0,9%, Информации и комуникации за 0,7%, Ресторани и услуги за сместување за 0,5%, Здравствена заштита, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива за 0,1%.

Во мај 2026 година, во споредба со април 2026 година, намалување на трошоците за живот е забележано во групите Лична нега, социјална заштита и разни стоки и услуги за 0,4% и Апарати за домаќинство, покуќнина и редовно одржување на домаќинството за 0,1%.Трошоците за живот во групите Образовни услуги, Осигурување и финансиски услуги и Алкохолни пијалоци, тутун и наркотици останаа на исто ниво како и во претходниот месец.

Малопродажните цени во мај годинава во споредба со април се зголемија за 0,8%.

Поврзани вести