Тројца кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права

Адвокатите Јордан Апостолски и Наташа Бошковска и професорот Сашо Георгиевски се тројцата кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права. Тие ќе бидат испратени на разгледување до експертскиот панел на Советот на Европа.
Гласањето било тајно и двајца од кандидатите добиле по пет гласа, а еден кандидат четири гласа.
Претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски информира дека одлуката е донесена врз основа на критериумите за висок морален углед, квалификации за судиска функција и признат правнички углед.
– Мал број на кандидати што го исполнуваа вториот услов, квалификации за вршење на судиска функција. Професорот Георгиевски е признат како угледен стручњак, додека, двајцата адвокати избрани имаат неспорно значајни искуства во човекови права, изјави Костадиновски.
Имињата на тројцата кандидати до крајот на неделата треба да бидат испратени до експертскиот панел на Советот на Европа, кој ќе ја даде конечната оценка.

Пронајдете не на следниве мрежи: